Search

Васили: Рама ги умира Албанците во долгови

Обединтета албанска опозиција, го обвини премиерот Еди Рама дека „ги умира Албанците во долгови”. Ставот на опозицијата го изнесе Петрит Васили, потпретседател на Социјалиситичкото движење за интеграција, која е трета по големи партија во земјата и втора по големина во обединетата опозиција.

Васили, кој е поранешен министер за здравство и екс пратениик, преку објава на Фесбук обвини дека кога Рама дошол на власт, во 2013 година, земјата имала долг во износ од само 500 милиони евра, додека „денес тој долг е повисок за тринаесетпати”.

„Еди Рама ги умира Албанци во долгови, ги зголеми за 1.300 отсто. Пет милијарди јавно приватно партнерство + 1 милијарда за земјотресот + 650 милиони еврообврзница = 6 милијарди 650 милиони долг . Кога дојде на власт во 2013 година, долгот беше само 500 милиони евра, напиша Васили.

Според него, по седум години на власт, Еди Рама го зголеми долгот тринаесетпати или 1300 проценти.

„Неспособен да ја зголеми економијата! Неспособен да ги собере приходите, да привлече инвестиции! Фатен во гуша од олигарсите, корупцијата, валканите пари! Еди Рама и неговите зулуми со години ќе паѓаат врз рамениците на сите Албанци, еден по еден, со години, обвини Весели.

Албанија вчера преку еврообрзница се задолжи со 650 милиони евра, со каматна стапка од 3,625 проценти и рок на отплата седум години.

-Добивме многу добра вест од пазарите на капитал и факт е дека постигнавме резултат што многу охрабрува и што го гарантира новиот национален план „Албанија 2030″, за понатамошна економска и социјална трансформација, затоа што Албанија, за разлика од другите земји, се соочува со два удара по ред,катастрофалниот земјотрес и пандемијата, како и нашата амбиција за силен напредок на економијата и вработување во наредните години,рече Рама.

По веста што ја објави Рама дека владата пуштила еврообрзница на меѓународниот пазар, лидерот на најголемата опозициска сила, Демократската партија ,која ја предводи обединетата опозиција, обвини дека „Албанија тоне во долгови, а Рама се фали дека земал нов долг и се гордее што се задолжува”.

Треба да знаете
Последни објави