Search

Василевска: Што сака Димитров да каже?

Очигледна е паниката во редовите на власта и напуштањето на бродот кој тоне. И тоа не се случува само во СЈО туку и помеѓу членовите на Владата на Република Македонија, изјави Иванка Василевска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

-Еден од тие примери е токму министерот за надворешни работи, г. Никола Димитров кој соочен со огромниот скандал „Рекет“ и со разоткриениот криминал на власта во кој централен лик освен осомничените е и токму премиерот Зоран Заев, некако како да крева раце и ги пушта низ вода. Имено тој во ФБ статус се правда дека цитирам: „Да бидеме на чисто, бидејќи има премногу сите, јас ниту сум имал средба, ниту фотографија, а уште помалку меморандум со Боки 13“. Со оглед на тоа што Зоран Заев имал и средби, и фотографии и меморандуми за соработка со Боки 13, дали не сметате дека ова не е вртење на грбот и шлаканица на оние кои се во бродот кој тоне. Дали ова не е вртење на грбот на Димитров кон Заев, Шекеринска, Костадин Костадинов, Стефан Богоев кој се сликале, среќавале и склучувале меморандуми со Боки 13 сега осомничен во аферата „Рекет“?, вели Василевска.

Според неа, Димитров треба да одговори дали го споделува ставот за карактерните особини со кој Заев го опиша Бојан Јовановски или тоа го осудува?

-Кој е пак ставот на Димитров за Заев, Шекеринска, Богоев, Костадинов, Ременска и останатите од СДСМ кои се среќавале и фотографирале па и соработувале со Боки 13. Во истиот статус министерот Димитров вели дека имал правилно претчувство за Бојан  Јовановски. Со оглед на тоа што главниот рекет се одвивал во периодот кога Димитров беше еден од можните кандидати за претседател од страна на СДСМ дали тактизирањето во однос на односот кон Јовановски за кое говори Димитров се должи на претчувство или имал точна информација за криминалните дејанија? Ако имал точна информација кој му ја дал и зошто не превземал ништо да се стопира токму таквиот криминал?

Понатаму во истиот статус г. Димитров за трговија со правдата ќе напише цитирам: „Бојкотот на референдумот имаше иста цел да се факторизираат пратениците за да се тргува со одговорноста и да се избега од правдата“. Ако имало трговија со одговорност тогаш тоа може да е само еден, тој што има можност и ресурси за истото. А, тоа е владата во чиј состав е токму г. Димитров. Нели ова е признание од Димитров дека Владата на Зоран Заев која заедно со Димитров го донесе скандалозниот договор од Преспа тргувала со правдата за да обезбеди поддршка.Значи имаме признание од Димитров дека Заев соработувал со луѓе кои правеле криминал и дека истите тргувале со правдата. Дали ова не е доказ дека по Пендаровски и Димитров го напушта бродот на Заев кој забрзано тоне, изјави Василевска.

 

Треба да знаете
Последни објави