Search

Вартоломеј: Евентуалното претворање на Света Софија во џамија ќе насочи милиони христијани против исламот

Евентуалното претворање на Света Софија во џамија ќе насочи милиони христијани од целиот свет против исламот, порача Вселенскиот патријарх Вартоломеј и истакна дека „како музеј, Света Софија има можност да биде место и симбол на средби, дијалог и мирен соживот на народите и културите, на меѓусебно разбирање и солидарност на христијанството и исламот, што се особено неопходни и корисни за современиот свет”.

Во говорот по светата литургија за празникот на Светите Апостоли, Вселенскиот патријарх истакна дека храмот на Света Софија, несомнено е еден од најважните класични споменици во светската култура.

-„Класично” е она што секогаш ги надминува границите на народите и периодот во кое бил создаден и не припаѓа само на оној што го поседува, туку на целото човештво. Во оваа смисла, турскиот народ има големата одговорност да ја истакне универзалноста на овој прекрасен споменик, порача Вселенскиот патријарх.

Треба да знаете
Последни објави