Search

Вартоломеј: Враќањето на Аја Софија во џамија ќе предизвика раздор

Враќањето на истанбулската „Аја Софија” во џамија ќе предизвика раздор, изјави денеска вселенскиот патријарх Вартоломеј, во очекување турски суд да донесе одлука за зградата, која е музеј од 1934 година.

Турскиот претседател  Реџеп Тајип Ердоган предложи враќање на Аја Софија во џамија. Ова поранешно христијанско место за богослужба се наоѓало во срцето на христијанската византиска и муслиманска османлиска измперија, а денес е еден од најпосетуваните споменици во земјата.

На 2 јули судот ќе одлучи за оспорувањето на сегашниот статус, со кој се поспорува законитоста на претворањето на Аја Софија во музеј во 1934 година, во првите години на модерната секуларна турска држава, основана од Мустафа Кемал Ататурк.

– Претворањето на Аја Софија во џамија ќе разочара милиони христијани низ целиот свет, рече вселенскиот патријарх Вартоломеј, духовнен водач на околу 300 милиони православни христијани ширум светот.

Промената на статусот „ќе ги разбие овие два света” во време кога на човештвото му треба единство повеќе од кога и да било поради пандемијата на Ковид-19, рече Вартоломеј.

Треба да знаете
Последни објави