Search

Варди со нови два гола, Лестер ја згази Астон Вила

Џејми Варди постигна нови два гола, а Лестер ја продолжи победничката низа по победата над Астон Вила со 4-1.

Ова беше осма последователна победа за „лисиците”, кои остануваат на 6 бода од Ливерпул со 38, но веќе му бегаат 6 бода на третиот Манчестер Сити.

Варди, од друга страна, ја зголеми својата серија со тоа што погоди на осми последователен натпревар во Премиер лигата, откако веќе има 11 голови на вкупно 16 дуели досега во сезоната.

Резултати од Премиер лигата:

Астон Вила – Лестер 1:4
Њукасл – Саутемптон 2:1
Норвич – Шефилд Јунајтед 1:2

Треба да знаете
Последни објави