Search

Вардар ќе игра два натпревари без тренерот Васоски на клупата

Александар Васоски, тренерот на лидерот во македонскиот прволигашки фудбалски шампионат Вардар заработи казна од два натпревари да не ја води својата екипа, поради исклучувањето на првенствениот меч во Струга со истоимениот домашен тим. Казната му ја изрече Дисциплинската комисија на ФФМ, поради некоректен однос кон судиите за време на полувремето.

Вардар без шефот на стручниот штаб ќе треба да ги одигра дуелите со Шкупи пред своите гледачи и со Силекс во Кратово.

 

Треба да знаете
Последни објави