Search

Вардар ќе игра во осминафиналето, ама со кого ќе знае на крајот од групната фаза

Македонскиот, регионалниот и европскиот ракометен машки првак Вардар во одбраната на титулата во Лигата на шампионите сезонава оди по трнлив пат. Состојбата во клубот е таква што поради подолготрајна финансиска криза се растура предвреме тимот, па „црвено-црните“ се доведоа во ситуација да бидат аутсајдери уште во првиот круг од нокат-фазата, а не да размислуваат за настап на завршниот турнир каде би го бранеле и шампионскиот пехар.

Утре по комплетирањето на групата Б, каде Вардар во последното коло го пречекува францускиот Монпелје ќе се знае и кој ќе му биде ривалот во разигрувањето. Вардар пласманот во нокаут фазата го обезбеди си триумф против последнопласираниот тим во групата, украински моторо Запорожје, а сега сака да ја избегне и шестата позиција за да добие и полесен ривал на хартија. Дали Вардар ќе биде петти не зависи само од резултатот кој ќе го постигне против Монпелје. Треба и португалскиот Порто да загуби.

Пред одигрувањето на натпреварите од последното коло во групите од ЛШ, ЕХФ ги објави сите можни опции. Вардар има четири потенцијални противници.Ако актуелниот европски првак заврши на шестата позиција во групата оди на мегдан со Пик Сегед или ПСЖ, а доколку им се анредат коцките на „црвено-црните“ и ја освојат петтата позиција во групата за можни ривали ќе ги чекаат Фленсбург или Алборг.

Треба да знаете
Последни објави