Search

Вардар чести: Бесплатен влез на дербито со Еурофарм Пелистер

Првото големо дерби во ракометната машка Супер лига помеѓу Вардар1961 и Еурофарм Пелистер ќе се игра в недела од 18 часот во СЦ „Јане Сандански“. Раковдството на „црвено-црните“ одлучи да ги израдува љубителите на ракометот со отворање на вратите во салата за бесплатно следење на оваа пресметка.

Оние љубители на ркометото кои сакаат во живо да го проследат македонското дербои од трибините во СЦ „Јане Сандански“  при влезот ќе треба да покажат
– сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) против коронавирус, односно примена најмалку прва доза вакцина против заразната болест КОВИД-19 или

– сертификат/потврда за прележан ковид-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето, за лица над 18-годишна возраст.

Без соодветен сертификат/потврда нема да може да влезе во салата.

Треба да знаете
Последни објави