Search

Вардар со додавка во името и ново раководство ќе ја продолжува трофејната приказна

Сеуште актуелниот македонски, регионален и европски машки ракометен шампион скопски Вардар ќе ја продолжи трофејната приказна под палката на старо-новиот газа Михајло Михајловски со додавка во името 1961 и со ново раководство.

Вардар 1961 од вчера официјално е нов правен субјект запишан во Централниот регистар.Нов сопственик на трофејниот клуб стана компанијата за изградба и одржување на топлотехнички постројки Ватростална, а нејзиниот прв човек, Михајло Михајловски ќе биде и генерален менаџер на клубот.

Паричниот влог и основната главнина е 25.000 евра. Претседател на Одборот на директори кај „црвено-црните“ ќе биде Бојан Јанев, а неизвршен член е Благоја Лазаревски – двајцата се дел од УО на Државна Лотарија на Македонија.

Од луѓето кои работеа во клубот во периодот кога со него управуавше Сергеј Самсоненко некои ќе  продолжат со своите работни задачи, а ќе и нови лица.

Самсоненко кој го презеде вардар токму од Михајловски ја има обврската да ги исплати сите долгови кон ракометарите до крајот на 2020 година.

Новиот Вардар веќе почна да се екипира и на играчки план за да состави тим конкурентен за осовојување на нови титули.

Треба да знаете
Последни објави