Search

Вардар се пресели во Анталија

Експедицијата на најторфејниот македонски фудбалски клуб и есенски лидер Вардар се преселија во Анталија каде до 4 февруари ќе темпираат форма и ќе се воигруваат за пролетниот дел од сезоната.

Под команда на тренерот Александар Васоски е сиот расположлив кадар, со исклучок на Никола Серафимов кој е пред трансфер во странство. Паралелно со тренинзите, „црвено-црните” ќе одиграат и шест контролни натпревари со реномирани противници од регионот и пошироко.

Вардар во Турција ќе одмери сили, со сплитски Хајдук (20 јануари), со украинскиот гигант Динамо Киев (23 јануари), со Бачка Топола (26 јануари), со белградска Црвена звезда (29 јануари), со Борац Бања Лука (2 февруари) и со Мура (4 февруари).

Треба да знаете
Последни објави