Search

Вардар сака да се прости со победа од своите навивачи за оваа година

Актуелниот македонски, регионален и европски машки ракометен првак Вардар в понеделник пред своите навивачи ќе го одигра последниот натпревар за оваа година. „Црвено-црните“ го пречекуваат совачкиот Татран Прешов во претпоследното коло од групната фаза во регионалната СЕХА-лига, каде веќе го имаат обезбедено пласманото во разигрувањето за одбрана на титулата.

Но, тоа не е причина Вардар да одигра лежерно. напротив, „црвено-црните“ и покрај бројните проблеми кои ги следат сезонава со повредени играчи најавуваат дека ќе сторат се победнички да се простата од своите навивачи. Последниот меч во оваа година, Вардар ќе го одигра на гости кај Нексе, на 15 овој месец, по што ракометарите ќе ги заменат клупските со репрезентативните обврски.

-Нашата цел да се пласираме во четвртфиналето од СЕХА натпреавувањето ја исполнивме. Во последните два натпреаври наша цел е да оствариме барем три бода за да го обезбедиме првото место во групата, порача тренерот Едуард Кокшаров.

Ракометарот Димитар Димитриоски во името на своите соиграчи порача дека сите посакуваат и ќе сторат се да победа на последниот домашен меч од оваа годна.

-Знаеме дека е последен натпреавр пред домашната публика оваа година. Сакаме со победата да ја завршиме 2019 и да им се оддолжиме на своите навивачи за поддршката кој ни ја пружаа – вели Димитровски

Треба да знаете
Последни објави