Search

Вардар против Татран во последниот натпревар на домашен терен за оваа година

Ракометарите на Вардар в среда ќе го одиграат последниот натпревар пред домашната публика за 2018 година. Противник на „црвено-црните” е Татран Прешов во дуел од регионалната СЕХА-лига.

Воедно дуелот со Татран е дерби на колото, бидејќи Вардар е лидер, а Татран е на делба на второто место.

На првиот натпревар Вардар победи во Словачка 27:26.

Ни претстои нов натпревар во СЕХА против одлична екипа, која игра во Лигата на шампионите. Очекувам тешка средба. Нашата цел е да дојдеме до победа и ни претстои добра работа за да се подготвиме за да дојдеме до триумф на оваа средба. Ни остануваат уште две средби до крајот на овој дел од сезоната и очекувам да ги одработиме на потребното ниво, изјави Парондо, тренерот на вардарци.

Македонскиот претставник со евентуална победа в среда и на последниот дуел годинава, идниот понеделник во Букурешт со Стеауа, ќе остане на првото место во СЕХА.

Треба да знаете
Последни објави