Search

Вардар под водство на Дејвис ги почна подготовките за пролетниот дел

Ракометарите на Вардар ги почнаа подготовките за пролетниот дел од сезоната. Тимот под водство на старо-новиот тренер Давид Дејвис ид Дејвис ќе биде без неколкумина играчи кои имаат обврски со своите репрезентации за претстојното Европско во Унгарија и во Словачка.

– Среќен сум што се вратив во Вардар. Го познавам јазикот, играчите, семејството добро го знае градот и едноставно ова е како враќање во вториот дом. Тие беа тука многу години и лесно се прилагодуваат. Вардар е одличен тим, има историја, има сè. Останувам тука шест месеци, ќе дадам сè од себе, па потоа ќе видиме како ќе биде, вели Дејвис.

Тимот останува во Скопје до одигрување на првите официјални натпревари, кои според сегашниот план би требало на бидат на почетокот на февруари. Вардар има за играње уште четири натпревари од групната фаза од ЕХФ Лигата на шампионите и се бори за влез меѓу 16-те најдобри, а наскоро треба да почне и СЕХА лигата.

Во домашното првенство Вардар е лидер на шест кола до крајот од регуларниот дел од сезоната. Потоа продолжува разигрувањето за титулата.

Треба да знаете
Последни објави