Search

Вардар победнички ја почна пролетната сезона

Најтрофејниот македонски фудбалски колектив и лидер во прволигашката конкуренција во Македонија, скопски Вардар победнички го почна пролетниот дел од сезоната. „Црвено-црните“ во третиот обид сезонава го совладаа градскиот ривал Македонија ЃП со 3:1 на арената „Тодор Проески“. Во атакот кон 11. шампионска титула во мак-фудбалот, Вардар по одигрувањето на премиерниот меч од 19. коло, во четирикружниот натпреварувачки систем има 11 бода предност пред актуелниот шампион Шкендија, кој утре во рамките од ова коло ќе гостува во Струмица кај Академија Пандев.

„Црвено-црните“ по есенскиот пораз и реми во пресметките со тимот до Ѓорче Петров со погодоците на Жуниор, Џемал Ибиши и Матеј Цветановски ги решија дилемите кој ќе ги освои бодовите во оваа пресметка. Вардар на овој дуел настапи без својот прв стрелец Даниел Аврамовски кој одработуваше казна поради картони.

Жуниор ја затресем мрежата на гостите во 36. минута, на аситенција од Цветановски. По водството Вардар беше беше безопасен, а голманот Филип Гачевски со правовремени интервенции недозволи да се затресе неговата мрежа, па на одмор се замина со минимална предност за избрнците на Алексндар Васоски.

На почетокот од вториот дел Вардар ја скрши Македонија ЃП  за петнаесетина минуат игра со погодоците на Ибиши во 50. минута и на Цветановски во 60. минута. По убедливата предност и симнатото прашање кој ќе ги освои бодвите, „лавовите“ преку Едуардо Карвалјо во 67. минута  постигнаа  само почесен гол.

Утре, во реедовниот прволигашки термин се играат преостанатите четри средби од 19. коло во кое се среќаваат: Академнија Пандев – Шкендија (13 ч.), Шкупи – Бпорец (14 ч.), Ренова – Силекс (14 ч.), Струга ТЛ – работнички (14 ч.).

Треба да знаете
Последни објави