Search

Вардар отпатува да се надигрува со Порто

Ракометарите на актуелниот европски првак Вардар в сабота му гостуваат на Порто во претпоследниот дуел од групната фаза во Лигата на шампионите. Тренерот Стевче Алушовски посакува бодови за зацврстување на 5.место, па и шанса за место погоре ако се поклопат коцките од другите натпревари.

– Порто е фаворит, а ние одиме без притисок и со единствена мисла – да играме, да се натпреваруваме и секако да ги искористиме шансите. Се обидуваме да не мислиме на проблемите, но најголем е тој што немаме доволно играчи за ротација, па ќе мораме да се потпреме на она што го имаме во моментов. Знам дека сите ќе се борат до крај, нема предавање – напротив ќе гледаме да бидеме на ниво со кое ќе можеме да се носиме со домаќинот, изјави Алушовски пред заминувањето на вардаровата експедиција за Португалија.

На првиот меч одигран во Скопје, во септември минатат година Вардар победи со 32:27. Вардар отпатуваа за Португалија денеска за да имаат повеќе време за одмор и подготовка со оглед на неповолните авионски конекции и патувањето што треба да трае до доцна вечерва.

Треба да знаете
Последни објави