Search

Вардар од награди ќе собере милион и пол евра

Успехот од Келн на новиот европски ракометен првак Вардар му носи најмалку 1.5 милион евра во клупската каса.

Тоа се пари што ќе ги добие како награда од дражавата и Европската ракометна федерација (ЕХФ), а допрва треба да ги заработи парите од Интернационалната ракометна федерација (ИХФ).

Вардар со победата во финалето обезбеди учество на Супер Глоуб 2019, првиот турнир од оваа серија што нема да се игра во Катар туку во С. Арабија. Таму наградниот фонд е од 150.000 долари за трето, 250.000 за пласман во финале и 400.000 за победа во финалето.

635.000 евра (500.000 за победата во финалето, 135.000 за пласманот на Ф4)
500.000 евра Владата на Македонија
100.000 евра Град Скопје
100.000 евра АМС
150-400.000 долари – ИХФ Супер Глоуб

Вкупно од 1.485.000 – 1.785.000 евра (минус разликата на курсната листа долари-евра).

Треба да знаете
Последни објави