Search

Вардар може да заглави во втора лига по поразот од директниот конкурент Воска

Најтрофејниот фудбалски клуб во Македонија, Вардар, попладнево во Охрид загуби од Воска со 1-2 и сега има пет бода минус во однос на Воска која е втора во втората лига запад, позиција која води во бараж.

После поразот од Силекс, кој е најсилен тим во втората лига запад, Вардар го претрпе и вториот пораз по ред, овојпат од директниот конкурент Воска. Двата гола во мрежата на Вардар паднаа во првото полувреме, а Црвено-црните намалија во финишот.

Интересно е и во втората лига исток, каде Слога Виница е нов лидер, откако прилепска Победа загуби од Каменица Саса. Слога има два бода плус во однос на Победа, а четири пред Саса.

Треба да знаете
Последни објави