Search

Вардар и Нексе четвртфиналната пресметка во СЕХА-лигата ќе ја играат во март

Регионалниот актуелен ракометен првак Вардар од Скопје за пласман на завршниот турнир каде ќе ја брани титулата ќе игра против хрватскиот Нексе, кој во осминафиналето го елиминира македонскиот дебитант во СЕХА-лигата Еурофарм Пелистер. Овој четвртфиналниот двомеч меѓу Вардар и Нексе, СЕХА-лигата го закажа за 8 и 15 март. Вардар најпрво ќе му гостува на Нексе, а седум дена потоа ќе биде домаќин во реванш дуелот во СЦ „Јане Сандански“.

Вардар е редовен учесник на завршните турнири од стартот на СЕХА-лигата и има освоено пет шампионски титули. Сега ќе бие битка за свој деветти настап на завршниот турнир.

Други познати четвртфинални двојки се Војводина-Веспрем, Загреб-Татран, додека Мотор Запорожје го чека подобриот од дуелот меѓу Мешков Брест и Пекинг.

 

Треба да знаете
Последни објави