Search

Вардар и Мотор со изменети состави ќе играат за осамостојување на врвот во СЕХА групата

Македонскиот, регионалниот и европски машки ракометен првак Вардар, вечерва (20:15) ќе одработи натпревар од СЕХА лигата со украинскиот Мотор Запорожје. Бранителот на титулата во регионалното натпреварување Вардар ќе има мотив да му се реваншира на Мотор, тимот кој му го нанесе првиот пораз сезонава токму во ова натпреварување. „Црвено-црните“ на гостувањето во СЕХА-натпреаврот беа поразени со 32-31.

Вардар пред оваа нова пресметка со украинскиот тим се соочува со играчки проблеми, поради повреди и забрзаниот ритам на одигрување на натпревари. И Мотор најави дека во Скопје ќе пристигне без стандардните првотимци. Тренерот на Вардар, Едуард Кокшаров во пресрет на вечерашниот меч најави дека ќе поштеди дел од ракометарите. Познато е дека Данис Кристопанс и Кристијан Дисингер се рехабилитираат по повредите, па најверојатно ќе одмораат и на денешниот натпреавр за да бидат на располагање за реваншот со полскиот Келце во Лигата на шампионите, кој ќе го играат викендов на гостински терен.

Вардар и Мотор сезонава веќе одиграа два меча, еден во регионалното натпреварување и еден во Лигата на шампионите. Двете екипи победија по еднаш. Победикот од новата вечерашна пресметка во СЕХА лигата ќе се осамостали на врвот на табелата во групата А. Пред овој дуел  Вардар и Мотор се ко-лидери со по пет победи и по еден пораз.

Треба да знаете
Последни објави