Search

Вардар и Кјелце пред двомечот во групата од ЛШ имаат проблеми со повредени играчи

На македонскиот, регионалниот и актуелниот европски ракометен првак во машка конкуренција Вардар му претстои двомеч во групната Б од Лигата на шампионите со полскиот Кјелце. Вардар е домаќин на првата пресметка в сабота, а следниот викенд се игра реваншот во Полска.

Во пресрет на овие дуели кои можат да дадат расплет околу редоследот во групата, тренерите на двата тима, Едуард Кокшаров и Талант Душебаев се соочуваат со повреди на своите играчи. Кај Вардар последен на тој список се запиша „џинот“ Данис Кристопанс, а во Кјелце главоболка на Душебаев му прави Аркадиуш Морито.

„Црвено-црните“ веруваат дека Кристопанс ќе биде оспособен за овој двомеч. Вардарци кои осцилираат во играта дополнително ги мотивира да се докажат дека и сезонава имаат тим за големи дострели изјавата на тренерот Душебаев дека немаат состав за на завршниот турнир во Келн, каде како фаворити ги гледа ПСЖ, Барселона, Кил и Веспрем.

Кјелце токму во последната рунда го совлада унгарскиот Веспрем и се надева дека може да направи изненадување. Со поранешниот европски првак Кјелце в сабота во Скопје ќе допатуваат двајца поранешни вардарови играчи, Игор Карачиќ кој по седумгодишен престој меѓу „црвено-црните“ летово се пресели во Полска, како и Алекс Душебаев кој една сезона порано замина во тимот на неговиот татко.

 

Треба да знаете
Последни објави