Search

Вардар и Кјелце на крајот мораа да се задоволат со по еден бод

Македонскиот, регионалниот и европскиот ракометен првак Вардар во пресметката со поранешниот европски владетел, полскиот Кјелце одигра неизвесне натпревар, во кој двете екипи се менуваа во водство, па на крјаот мораа да се задоволат со по еден бод на контото (28:28) во 7. коло од  групата Б во Лигата на шампионите.  Голманот на „црвено-црните“ Калифа Гедбан беше на висина на својата задача и не дозволи гостинот од Полска да замине со целиот плен. Вардар со ремито останаа на втората позиција во групата Б. Двете екипи за една недела ќе имаат нова реванш-пресмека во Полска.

„Црвено-црните“ во првото полувреме диктираа темпо, но имаа и осцилации, па на одмор заминаа со минимална предност од 17-16. И продолжението од натпреаврот им припадна на домаќините. Со серија од 3-0, Вардар поведе 20-16 во 33. минута. Играта  „седум на шест“ го даде непосакуваниот ефект. Со шест гола во низа Кјелце стаса до највисока предност 22:25 во 46. минута. Вардар десет минути не постигна гол. Завршницата беше игра на нерви во која и двете страни се задоволни што не загубја. Скубе со седум гола од 11 обиди беше прв стрелец, а Чупиќ постигна шест.

 

Треба да знаете
Последни објави