Search

Вардар и Е.Пелистер ги добија ривалите во СЕХА-лигата

На денешната полудиригирана ждрепка за составот на групите од новото издание на регионалната машка ракометна СЕХА-лига, македонските претставници Вардар и Е.Пелистер ги добија своите противници. Новата сезона во СЕХА лигата ќе се игра со 10 клубови поделени во две групи со по пет тимови. Ланското издание беше со 12 екипи во две групи од по шест тимови, но се откажаа од настапот кинескиот Бејџин Јуниверсити и московски Спартак.

Група A
Вардар (Македонија)
Нексе (Хрватска)
Мотор (Украина)
Татран (Словачка)
Војводина (Србија)

Група Б
Веспрем (Унгарија)
Загреб (Хрватска)
Мешков (Белорусија)
Пелистер (Македонија)
Металопластика (Србија)

 

Треба да знаете
Последни објави