Search

Вардар и Еурофарм Работник имаа ефикасен тест

Македонските ракометни претставници во Лигата на шампионите и во регионалната СЕХА, Вардар и Еурофарм Работник, денеска меѓусебе се тестираа за обврските кои им претстојата на меѓународната сцена во новата сезона. Во малата сала во СЦ „Јане Сандански“ одиграа контролен меч на кој демонстираа ефикасен напад.

Победи поискусниот европскиот, регионалниот и македонски првак Вардар со 32:30. Дебитантот Еурофарм на меѓународната сцена стигна до минимален пораз во финишот од мечот откако „црвено-црните“ по убедливата предност им дадоа шанса на сите свои играчи кои ги имаа на располагање.

Најефикасен во таборот на Вардар беше Тимур Дибиров со осум постигнати погодоци, додека по пет постигнаа Чупиќ и Скубе. Кај „фармацевтите“ Радовиќ постигна шест погодоци.

Треба да знаете
Последни објави