Search

Вардар избори финале да го брани трофејот во ракометниот куп

Актуелниот бранител на трофејот Вардар 1961 обезбеди пласман во финалето на Македонскиот ракометен куп, откако попладнево во Кавадарци го совлада Еурофарм Пелистер 2 со 28-24 (13-11).

Вардар резултатски го контролираше натпреварот во салата „Јасмин” и заслужено се пласираше во финалето во кое ќе се обиде да ја освои 15. куп титула во клупската историја.

Најефикасни во редовите на Вардар беа Тимур Дибиров со десет и Филип Талески со девет голови.

Противник на „црвено – црните” во битката за трофејот ќе им биде победникот од второто полуфинале меѓу Еурофарм Пелистер и Бутел.

Ракометното финале во машка конкуренција е на програмата в недела во салата „Јасмин” во Кавадарци.

Треба да знаете
Последни објави