Search

Вардар единствен со максимален ефект по четири коло во Суперлигата група-А

Во ракометната Суперлига група-А, викендов се играа натпреварите од 4.коло по кое единствена екипа со максимални 12 бода е Вардар.

Бранителот на шампионскиот трофеј, вчеравечер во дербито со Алкалоид славеше победа, но „фармацевтите” кои за првпат играат во најсилната лига, се покажаа како достоен ривал и беа многу блиску до освојување бодови.

Постигнати резултати:
Куманово – Охрид 22:31
Вардар – Алкалоид 28:25
Вардар Неготино – Бутел 20:27
Струга – Прилеп 25:25.

Табела: Вардар 12 бода, Алкалоид и Бутел по 9, Струга 7, Охрид 6, Куманово 3, Прилеп 1, Вардра Неготино 0.

Треба да знаете
Последни објави