Search

Вардар доби нови термини за гостувањата кај ПСЖ и Порто

Македонскиот и сеуште европски ракометен првак во машка конкуренција Вардар доби нови термини за одигрување на гостинските натпреаври од Лигата на шампионите во францускиот ПСЖ и португалскиот Порто. Заостанатиот натпревар од групата против ПСЖ  ќе го игра на 1 декември во Париз. Средбата не се одигра во редовниот октомвриски термин поради два случаи на заразени играчи на Вардар со коронавирусот.

Поради новиот термин за одигрување на дуелот со ПСЖ, ЕХФ во догвор со клубовите го помести и дуелот со Порто. Овој натпреавр „црвено-црните“ требаше да го играат на гости на 3 декември, но е помесетен за еден ден и ќе се игра на 4 декември.

Вардар треба да добие и датуми за одигрување на натпреварот со Елверум во Скопје и со Пик Сегед во Унгарија.

Треба да знаете
Последни објави