Search

Вардар го „лапна“ и Георгиевски

Македонскиот ракометен интеранционалец Гоце Георгиевски (33 г.) е нов член на скопски Вардар. Популарниот „Џомба“ и сеуште актуелниот македонски, регионален и европски ракометен првак Вардар договориле двегодишна соработка.

Георгиевски во последните три сезони играше за романскиот клуб ЧСМ Букурешт.

Вардар кој во новата сезона ќе биде под водство на старо-новиот претседател Михајло Михајловски тргна во офанзива да ги собере најдобрите македонски играчи на едно место. Пред Георгиевски со „црвено-црните“ потпиша и Филип Талески. Двајцата пред да тргнат на „печалба“ на македонската ракометна сцена ги бранеа боите на суперлигашот од Автокоманда, Металург.

Вардар покрај двајцата македонски репрезентативци во своите редови ги донесе и Томислав Јагуриновски, Дмитри Санталов и голманот Робин Кантегрел.

Треба да знаете
Последни објави