Search

Вардар го врати во своите редови Попзлатанов

Откако најтрофејниот македонски фудбалски колектив Вардар не обезбеди експресно враќање во прволигашкото друштво одлучи да го ремонтира целосно тимот за да направи конкурентен состав кој во второлигашката конкуренција ќе избори враќање во елитата. По Симеон Христов, „црвено-црните“ денеска соопштија дека и Јован Попзлатанов (25 г.) се враќа во Вардар.

Досегашниот играч на Македонија ЃП се одлучи да се врати во редовите на „црвено-црните“, каде што играше од 2018 до 2021 година, и освои титула со најтрофејниот македонски клуб. Потоа замина во РФС Рига, но повторно се врати во македонскиот шампионат и тоа во дресот на Македонија ЃП со која сезонава го освои Купот.

Треба да знаете
Последни објави