Search

Вардар без Мораеш и Борозан портив Рајн Некар

По паузата поради Светското првенство, ракометната Лига на шампионите се враќа со дербито на колото помеѓу Рајн Некар и Вардар.

Македонските шампиони отпатуваа за Германија, каде денес(19 часот) ќе му се спротивстават на противникот, против кого во првиот дел од сезоната го совладаа во Скопје (29:27).

„Сигурно дека ќе биде тежок натпревар. Рајн Некар е одличен тим. Ќе видиме колку сме спремни. Не сме во добар момент, ни треба повеќе време за тренирање зашто не сме комплетни па треба да комбинираме со тоа што го имаме. Не мачат повреди на повеќемина играчи. Ќе се обидеме да играме добро и да се вратиме со добар резултат“, изјавил тренерот на Вардар Роберто Гарсија Парондо.

Вардар ќе биде хендикепиран против Рајн Некар бидејќи во тимот ќе ги нема Вуко Борозан и Рожерио Мораеш. Двајцата се уште се рехабилитираат од повредите.

На табелата во А групата, Вардар е на втората позиција со 13 бода, пет помалку од лидерот Барселона и еден повеќе од конкурентите Рајн Некар, Веспрем и Кјелце.

Треба да знаете
Последни објави