Search

Вардар без Гаџа ќе излезе на мегдан со фаворитот Кил

Македонскиот и двократен европски ракометен правак Вардар утре (20.45 ч.) ја продолжува својата нов меѓународна приказна во елитното клупско натпреварување Лигата на шампионите со одигрувањето на деветтиот натпревар во групата А на гости кај германскиот Кил (20.45 часот). „Црвено-црните“ се во непријатна серија од пет порази во низа и се наоѓаат на шестата позиција со пет бодови, а бундеслигашот е на третото место со 11.

– Нè очекуваат три многу важни натпревари, првиот е во Кил каде што секако не сме фаворити, ниту една екипа во Европа не е фаворит во Кил. Би било многу важно за нас да одиграме еден добар натпревар, бидејќи тоа би било значајна мотивација за мечот во Загреб (8 декември) и дуелот во Битола против Еурофарм Пелистер (18 декември). Што се однесува до составот, имаме проблем, Гаџа доби вироза и единствениот среден бек, класичен кој го имаме, нема да патува со нас, тоа ми прави многу проблеми. Се враќа Куни Моралес, иако не е 100% подготвен, но сепак да биде во контакт со самиот амбиент, за да не направи преголема пауза.

И голманот Борко Ристовски сè уште не се опоравил од проблемот кој го има веќе подолг период, јас се надевам дека и тоа брзо ќе се реши, вели Веселин Вујовиќ тренерот на Вардар прред заминувањето на експедиоцоијата за Германија.

Вардар од претстојните три натпревари би бил задоволен да оставри две победи.

Треба да знаете
Последни објави