Search

Варга: Епидемијата на Ковид-19 е единствен предизвик за ЕУ

Епидемијата на коронавирус е единствен предизвик за Европската унија, каде традиционалните решенија се покажаа како несоодветни, изјави денеска унгарската министерка за правда, Јудит Варга, како одговор на изјавата потпишана од 13 земји-членки на ЕУ за мерките преземени против епидемијата.

.Во соопштението објавено вчера, се вели дека е легитимно земјите-членки да донесат итни мерки за заштита на своите граѓани, но осуди одредени мерки за итни случаи, кои беа оценети како ризик за кршење на принципот на владеење на правото, демократијата и основните права.

Потписниците на соопштението повикаа вонредните мерки да бидат ограничени на она што е строго неопходно, да бидат пропорционални и привремени по природа, да бидат под редовен надзор и да ги почитуваат горенаведените принципи и обврски согласно меѓународното право.

Реагирајќи на тоа соопштение, Варга рече дека Унгарија целосно се согласува со повикот за почитување на основните вредности на слободата, демократијата, владеењето на правото и основните права.

Унгарската министерка, сепак, рече дека жали што ооштението не било отворено за сите земји-членки.

Соопштението го потпишаа Белгија, Данска, Финска, Франција,Германија, Грција, Ирска, Италија, Луксембург, Холандија, Португалија, Шпанија и Шведска.

Треба да знаете
Последни објави