Search

Варадкар: Велика Британија може да побара одлагање на Брегзит

Велика Британија можеби ќе побара продолжување на рокот за излез од Европската унија по 29 март, но тоа не е неизбежно, изјави денеска ирскиот премиер Лео Варадкар.

– Мислам дека не е неизбежно, но секако е можно. Ако дојде до одлагање, мора да биде со намена, мора да биде со цел да се обезбеди и ратификува договорот, рече Варадкар.

Ирскиот премиер истакна дека никој не сака овој застој да трае со месеци.

Едно од главните спорни прашања во преговорите меѓу Велика Британија и ЕУ за Брегзит е границата помеѓу Република Ирска и британската покраина Северна Ирска.

Треба да знаете
Последни објави