Search

Ван Бронхорст седна на клупата на Ренџерс

Шкотскиот фудбалски првак Глазгов Ренџерс го назначи својот поранешен фудбалер и некогашен холандски репрезентативец Џовани ван Бронхорст за нов тренер.

Ван Бронхорст, кој настапуваше за Ренџерс од 1998 до 2001 година, го наследи на тренерското место Стивен Џерард, кој претходно овој месец одлучи да го прифати повикот од Астон Вила.

– Среќен сум што ќе работам со екипа, која е на одлична позиција во сите натпреварувања. Се надевам дека така ќе продолжиме. Благодарен сум што добив можност повторно да работам во овој голем клуб, изјави на промоцијата Ван Бронхорст.

Треба да знаете
Последни објави