Search

Ван-Бисака минува прегледи во Јунајтед оваа недела

Претставници на Манчестер Јунајтед и Кристал Палас ќе имаат денес финална средба на која ќе ги прецизираат сите детали околу трансферот на Арон Ван-Бисака.

Според „Гардијан”, последната понуда на „црвените ѓаволи” отстапува за малку од бараните 50 милиони фунти плус бонуси. Досега Палас отфрли две понуди од Јунајтед, а се тврди дека втората била во износ од 35 милиони плус 15 милиони во форма на бонуси.

Од „Селхерст Парк” сепак не се задоволни дека повеќето од овие бонуси изгледаат тешки за остварување ако се тврди дека едниот од нив е врзан со евентуален иден триумф на Јунајтед во Лигата на Шампионите.

„Гардијан” додава дека Кристал Палас ќе се обиде да отстрани или барем да ја намали и клаузулата за следната продажба на Вилфред Заха. Тоа беше вклучено во договорот помеѓу двата клуба, потпишан во јануари 2015 година. Според неа, „црвените ѓаволи” треба да добијат 15 милиони фунти при следната продажба на Заха.

Се очекува двата клуба да се договорат, а 21-годишниот десен бек да помине прегледи во Јунајтед веднаш откако ќе се врати во Англија подоцна оваа недела.

Треба да знаете
Последни објави