Search

Ван Бастен: Тие кои велат дека Роналдо е подобар од Меси, не разбираат фудбал

Поранешниот фудбалски интернационалец кој го носеше дресот на Ајакс и Милан, Холанѓанецот Марко ван Бастен е уверен дека Лионел Меси е подобар од Кристијано Роналдо.

– Кристијано е одличен фудбалер, но оние кои велат дека е подобар од Меси, не го разбираат фудбалот или го кажуваат тоа со лоша намера. Меси е единствен. Не може да се имитира и не може да се повтори. Играч како него се појавува на секои 50 или 100 години. Како дете паднал во котел на фудбалски гениј.

Пеле, Марадона и Кројф за мене се тројцата најдобри играчи во историјата. Како дете сакав да бидам како Кројф. Тој ми беше пријател. Ми недостасува. Пеле и Марадона исто така беа неверојатни, изјави Ван Бастен за „Кориере дело спорт”.

Да потсетиме дека Меси седум пати ја има освоено Златната топка, додека Роналдо пет пати.

Треба да знаете
Последни објави