Search

Вандалски напад на бразилската амбасада во Берлин

Бразилската амбасада во Берлин ја нападнаа вандали во раните утрински часови оштетувајќи неколку прозорци со камења, а други со црвена боја.

Најмалку четворица неидентификувани осомничени се вмешани во нападот врз зградата во центарот на градот што се случи синоќа околу 1 часот, соопшти германската полиција.

Високите прозорци во предниот дел на зградата беа испрскани со боја, а 16 прозорци од страната беа скршени со камења.

Засега не е јасно дали нападот е поврзан со неодамнешната изборна победа на крајнодесничарскиот претседател Жаир Болсонаро, но германската полиција го третира овој инцидент како можно политички мотивирано насилство.

Треба да знаете
Последни објави