Search

Вал Килмер: Искашлував крв, креветот беше црвен

Актерот Вал Килмер (60) се бори со рак на грлото од 2015 година. Поради лошата здравствена состојба, холивудската ѕвезда стана непрепознатлива. Во своите мемоари „Јас сум твојот Хаклбери“, тој откри дека неговата поранешна девојка Шер (73) го поканила во куќата за гости откако му била дијагностицирана сериозната болест.

„Се разбудив една ноќ затоа што искашлував крв. Креветот ми беше целосно црвен, како во сцена од ’Кум’. Веднаш се помолив и повикав брза помош. После тоа, ја известив мојата газдарица. Шер ја презеде контролата врз ситуацијата и се снајде многу добро“, рече Килмер за магазинот „Пипл“.

Вал ретко зборува за приватниот живот, а дека има рак на грлото потврди дури во едно од интервјуата во декември 2017 година.

„Се излекував со молитва“, рече тој во тоа време, иако многумина сметаа дека Килмер ја премолчел операцијата на која, наводно, се подложил во 2015 година.

Килмер зад себе има еден неуспешен брак со актерката Џоан Вали (58), кој траеше од 1988 до 1996 година, а потоа веќе ништо не се знае за нивниот љубовен живот. Поранешните сопружници имаат ќерка Мерцедес (28) и син Џек (25).

Треба да знаете
Последни објави