Search

Валтер: Горд сум што ќе бидам тренер на Е. Пелистер

Данскиот ракометен тренер Ларс Валтер (56 г.) е новиот предводник од клупата на македонскиот вицешампион Еурофарм Пелистер. Валтер пристигнува во Битола на местото од хрватскиот стратег Жељко Бабиќ. На клупата кај битолчани доаѓа од полскиот Азоти Пулави, а претходно има работено во Флензбург, Порто, Кадетн Шафхаузен, Висла Плок, Баја Маре, Горење, Емсдетен, Хилдехајм, Конверсано и данските екипи Роар Роскилде, Есбјерг и Вирум.

Во првата изјава дадена преку социјалните мержи за новиот свој предизвик со Еурофарм Пелистер вели:

– Многу сум горд што сум дел од овој историски клуб. Сега сите мора да работиме напорно за да го вратиме Еурофарм Пелистер каде што му е местото. Едвај чекам да се сретнам со неверојатните навивачи, играчите и стручниот штаб. Се гледаме сите во Битола, изјави новиот предводник на Еурофарм Пелистер.

Треба да знаете
Последни објави