Search

Валери Божинов во Пескара до јуни

 – Валери Божинов (34), сепак, нема да замине во пензија како што најави претходно, но нема да заигра ниту за Катанија, како што објавија дел од медиумите. Бугарскиот интернационалец до крајот на сезоната ќе игра за Пескара со можност да остане во екипата во случај на меѓусебно задоволство.

Божинов во Италија ужива статус на врвен напаѓач и голгетер. Таква репутација стекна како член на Фиорентина, Јувентус, Лече, Парма, Верона, Тернана и Виченца. Дел од кариерата мина и во Спортинг Лисабон и во Манчестер сити.

Пескара во оваа сезона игра во Серија Б и викендот е домаќин на Читадела, но на деби за новиот клуб, Божинов ќе мора да почека до 25-то коло и дуелот со Кротоне.

Треба да знаете
Последни објави