Search

Валенсија ја доби мајсторката и повторно ја подигна титулата во Еврокупот

Шпанскиот прволигаш, Валенсија ја победи Алба Берлин и по четврти пат во својата историја го освои пехарот во Еврокупот.

Валенсија не дозволи никакво изненадување и во мајсторката го доби германскиот состав со 89:63 за конечни 2:1 во оваа финална серија, а со тоа воедно обезбеди и место во Евролигата во наредната сезона.

Гостите од Берлин тргнаа одлично во последниот меч во оваа серија, поточно истиот го отворија со 10-0, но домаќините до крајот на периодот фатија ритам и го завршија со само еден негатива (17-18).

Водени од оваа енергија кошаркарите на Валенсија продолжија да доминираат во останатите три четвртини и сосема заслужено дојдоа до славје и нов трофеј во ова натпреварување. Мет Томас уфрли 19 поени, Сан Еметерио и Дубљевиќ реализираа по 18, додека пак Вил Томас застана на 15 кошеви.

Токму Вил беше прогласен за МВП во финалната серија.

Треба да знаете
Последни објави