Search

Валенсија без милост за Барселона

Фудбалерите на Валенсија целосно ги надиграа ѕвездите на Барселона попладнево, па гостите можат да бидат задоволни што си заминаа од Местаља само со два примени гола.

По почетната победа на клупата на Каталонците, Сетиен многу брзо доживеа

На Барса не и тргна со новиот тренер, каталонците со наведната глава си заминуваат од Местаља, примија два гола а можеа и повеќе.

Валенсија имаше голема шанса уште во 12. минута да поведе со 1-0, но Максимилијано Гомез не реализираше пенал.

До крајот на првиот дел Валенсија ја погоди и пречката, а Марк Тер Штеген имаше и фантастична одбрана. По само три минути игра во вториот дел Валенсија конечно поведе, Жорди Алба си постигна автогол.

Во 77. минута 2-0 за Валенсија, Максимилијано Гомез даде гол со убаво пласиран удар и се искупи за промашениот пенал. Пет минути подоцна Валенсија даде уште еден гол, кој беше поништен со ВАР поради фаул врз играч на Барселона.

Барселона не само што го загуби мечот, речиси и да не создаде вистинска шанса за гол.

Поразот значи дека Барселона останува на 43 бода, колку што има Реал на втората позиција, но еден натпревар помалку, колку што имаат и Атлетико Мадрид и Севиља, но двете екипи имаат по 35 бода. Со победата Валенсија се искачи на петтата позиција со 34 поени.

Треба да знаете
Последни објави