Search

Валверде потврди: Меси го пропушта почетокот на сезоната во Ла Лига

Капитенот на Барселона, Лионел Меси нема да игра против Атлетик Билбао утре во натпревар помеѓу двете екипи од првото коло од сезоната во шпанската Ла Лига. Ова го објави тренерот на Каталонците, Ернесто Валверде.

Според стручњакот, Меси сè уште не се опоравил целосно од повредата на мускулот која ја добил пред неколку недели и нема поента да го доведе во опасност неговото здравје.

– Никогаш не сакаме да го ризикуваме здравјето на играчот, уште повеќе тоа на Лео. Тој сè уште не тренира со остатокот од тимот. Ние сме задоволни од неговиот напредок, но индивидуалниот тренинг е сосема различен од учеството во натпревари, објасни Валверде .

Менторот на Барселона беше запрашан и за евентуално враќање во составот на Нејмар, но Валверде категорично одби да коментира за Бразилецот, велејќи само дека е среќен со составот што го има, но се може да се случи во следните две недели.

Треба да знаете
Последни објави