Search

Валверде не можеше да пронајде зборови за Меси: Тој е од друга галаксија…

Екипата на Барселона дојде до уште една победа во Примера и тоа над Еибар со 3-0 со тоа што еден од стрелците беше Лионел Меси кој на овој начин дојде до еден фантастичен јубилеј, рекорд-тоа 400 погодок во елитното шпанско друштво.

Ова е уште едно импресивно достигнување на Аргентинецот кој со ова стана вториот играч со 400 или повеќе голови во Топ 5 лигите во Европа, учинок со кој го остави без соодветни зборови тренерот Ернесто Валверде.

– Броевите на Меси се стратосферски. Тие се неверојатни. Не се само головите, ама и тоа што го создава. Тој е од друга галаксија, – истакна Валверде.

Треба да знаете
Последни објави