Search

Валверде казнет со еден натпревар неиграње за исклучувањето во шпанскиот Супер куп

Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Федерико Валверде е суспендиран еден натпревар.

Дваесет и едногодишниот фудбалер од средниот ред е казнет поради исклучувањето во финалето на шпанскиот Супер куп против Атлетико Мадрид кој неговиот тим  го доби на пенали 4:1 (0:0 во регуларниот дел и продолжението).

Во продолжението Уругваецот доби директен црвен картон за фаул врз Алваро Мората кој имаше отворен пат кон голот на Реал.

Валверде нема да игра во мечот од 20. коло од шпанската Примера против Севиља на 18 јануари.

Треба да знаете
Последни објави