Search

Валверде доби отказ, Барса има нов тренер

Актуелниот шпански фудбалски првак Барселона има нов тренер, откако Ернесто Валверде доби отказ. Каталонскиот гигант ќе го предводи Кике Сетиен (61г.) кој до минатата сезона беше тренер на Бетис. Неговата промоција  на „Камп Ноу“ треба да биде во текот на утрешниот ден.

Сетиен со раководството на Барселона се договорил да седи на жешкото столче до крајот на сезонава, а доколку бидат постигнати посакуваните резултати отворена е можноста за продолжување на соработката.

Ова е прва рокада на тренерската клупа во Барселона во текот на сезоната од 2003 година, а доаѓа откако шампионот има само една победа на последните пет меча. Посебно разочаруваки се ремито со Еспањол (2-2), како и поразот од Атлетико Мадрид во Суперкупот (2-3). Валверде пристигна во Барселона во 2017 година, а со тимот успеа да освои две титули во шпанската Примера и по една во Копа дел Реј и Суперкупот.

 

Треба да знаете
Последни објави