Search

Валверде би одбил тренерски ангажман во Премиер лигата за работа во…Австралија

Поранешниот тренер на шпанскиот фудбалски првак Барселона, Ернесто Валверде призна каков пристап ќе заземе при избор на следниот клуб, во кој ќе работи.

Шпанецот беше разрешен во јануари и го замени Кике Сетиен. За 2,5 години поминати на „Камп Ноу“, Валверде ги доведе Каталонците до две титули во шпанската лига.

-Ме прашуваат: „Што мислите за Премиер лигата?” Јас велам: „Всушност, би ја претпочитал Австралија”. Фудбалската кариера не трае вечно, а понекогаш размислувате да ја искористите можноста да живеете на непознати места, рече 56-годишниот фудбалски стратег кој се појави во јавноста со нов имиџ.

Треба да знаете
Последни објави