Search

Валандовчанец фатен во шверц на 53 мигранти

На 12.02.2020 околу 19.30 часот кај с.Куклиш, струмичко, во координација на Регионалните центри за гранични работи Југ и Исток,  од слобода бил лишен  Ф.С.(43) од с.Дорломбос, валандовско.

При преглед во товарно моторно возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, кое тој го управувал, биле пронајдени 53 мигранти (37 од Авганистан, 12 од Пакистан, двајца од Индија, еден од Ирак и еден од Египет).

Осомничениот бил приведен во СВР Струмица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава. Мигрантите ќе бидат сместени во Прифатниот центар за странци „Гази Баба-Скопје“ и Прифатниот транзитен центар „Винојуг“-Гевгелија.

 

Треба да знаете
Последни објави