Search

Вакцинираните со „Синовак“ и „Синофарм“ трета доза може да примат три месеци по втората доза

Националниот Комитет за имунизација денеска днесе одлука со која препорачува, граѓаните кои се вакцинирани со две дози од вакцините на производителите „Синовак“ и „Синофарм“, трета доза вакцина може да примаат после изминати три месеци од втората доза.

„ Вакцинацијата со трета доза е со вакцина на производителот „Фајзер“, а вакцинацијата е без закажан термин на кој било вакцинален пункт во државата. За граѓаните кои примиле друг тип вакцина од „Фајзер“, „Астразенека“ или „спутник В“, трета доза вакцина може да примаат после поминати 6 месеци од втората доза“ наведуваат од комитетот за имунизација.

Министерството за здравство апелира граѓаните во што поголем број да се вакцинираат.

Треба да знаете
Последни објави