Search

ВАДА: Руските фудбалери на Мундијалот во Катар ќе може да играат, ама не како Руси

Светската антидопинг агенција (ВАДА) денеска објави дека дури и ако руската фудбалска репрезентација се квалификува за Мундијалот во Катар 2022 година, нема да му биде дозволено да се натпреварува под нејзиното знаме заради санкциите што се наметнати за таа земја.

На Русија со едногласна одлука и е забрането да се натпреварува на големи натпреварувања во наредните четири години поради манипулација со резултатите од тестот и прикривање на организираниот допинг спроведен со помош на московска лабораторија.

По таа одлука на ВАДА, ФИФА побара појаснување во врска со рускиот фудбалски тим.

-Ако Русија се квалификува нема да му биде дозволено да се појавува под тоа име, но воспоставен е механизам според кој може да поднесе барање за настап на неутрална основа, рече претседателот на Комисијата за жалби на ВАДА, Џонатан Тејлор.

Треба да знаете
Последни објави