Search

Бјелица со тројка со звукот на сирената го шокираше Хјустон

Сакраменто го приреди најголемото изненадување на синоќешните натпревари во НБА-лигата, откако на гостински терен го совлада Хјустон со 118-119. Немања Бјелица беше човек на одлука, откако српскиот крилен центар погоди тројка со звукот на сирената, за огромна радост на „кралевите“ по триумфот над еден од најдобрите тимови во лигата.

Бјелица со тројката ја заокружи извонредната партија во кој реализираше 30 поени. Ова беше негова втор партија по ред во која постигна 30 поени, откако претходната вечер беше јунак и во победата над Далас.

На спротивната страна под своето вообичаено ниво беше Џејмс Харден, постигнувајќи 27 поени (11 помалку од неговиот просек сезонава).

Милвоки продолжува со импресивните игри, откако славеше со 110-101 над Орландо за своја 15. победа во низа. Во главна улога вообичаено беше Адетокумбо со 32 поени, 15 скокови и осум асистенции.

Торонто во драматичен меч славеше на гостувањето против Чикаго со минимални 92-93, за прекин на „црната серија“ од три порази на актуелниот шампион. Сиакам беше најефикасен со 22 поени, додека Марк Гасол одигра клучна улога во одбраната, блокирајќи го шутот на Марканен на триесетина секунди до крајот.

Резултати НБА:

Индијана – ЛА Клиперс 99-110, Бостон – Кливленд 110-88, Чикаго – Торонто 92-93, Хјустон – Сакраменто 118-119, Милвоки – Орландо 110-101, Њу Орлеанс – Детроит 103-105, Феникс – Минесота 125-109, Јута – Оклахома 90-104, Голден Стејт – Мемфис 102-110.

Треба да знаете
Последни објави